Свински џигер во сос од вино
Состојки
- 500 гр свински црн дроб
- 2 главици кромид
- 150 гр свежи печурки
- 100 мл кисела павлака
- 250 мл црвено вино
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка мешан сув зачин
- по вкус свеж магдонос и свежо нане
- по вкус сол и црн бибер
- 3-4 чешнина лук
- по потреба масло
Подготовка
1. Џигерот го сечкаме на долгнавести парчиња, свежите печурки ги сечкаме на листови, а главиците кромид ситно ги сечкаме.
2. Во тава со загреано масло го ставаме кромидот, откако кромидот ќе омекне ги додаваме листовите свежи печурки и сецканиот лук, промешуваме. Потоа ги додаваме парчињата џигер, промешуваме и зачинуваме и пржиме уште малку.
3. Откако џигерот ќе се испржи го налеваме виното и 150 мл вода и динстаме околу 30-35 минути.
4. Брашното го размешуваме со киселата павлака, ја додаваме павлаката во тавата, промешуваме и оставаме да се динста додека сосот не ја добие потребната густина.