Тава со пилешко и зеленчук
Состојки
- 500 гр пилешки гради
- 3 компира
- 3 моркова
- 3 кромида
- 200 гр свежи печурки шампињони
- 1 помала китка од брокула
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажица мелен црвен пипер
- 1 лажичка бибер или по вкус
- 1 лажица брашно
- 100 мл масло (околу)
Подготовка
1. Месото го сечкаме на коцки и на масло го упржуваме. Го вадиме од тавчето.
2. На истото масло (ако треба доставаме) ги ставаме кромидот и морковите ситно насечкани да се упржат. Откако кромидот ќе стане проѕирен, ги додаваме печурките насечкани на листови и тие да се запржат.
3. Го враќаме месото во тава и ги додаваме компирите сечкани на долги парчиња или по желба. Зачинуваме, ставаме околу 100 мл вода и динстаме кратко. Целата смеса ја префрламе во тава со капак. Во тавата која сме пржеле ставаме вода околу 300-400 мл и 1 лажица брашно. Промешуваме и го залеваме зеленчукот и месото.
4. Брокулата ја цепкаме на помали цветови и ја распоредуваме во тавата. Печеме во загреана рерна на 220 степени. При крај го отвораме капакот и запекуваме кратко.
Готово е кога компирите ни се сварени т.е. водата што сме ја ставиле испарила, а вкусовите се поврзале.