Кичевски намаз од козјо сирење
Состојки
- 300 гр козјо сирење
- 60 мл маслиново масло
- сок од 1 лимон
- 3-4 чешнина лук
- 5-6 гранчина магдонос
Подготовка
Со секое ново пријателство, следува и нов вкусен рецепт. Поздрав до Кичево !
1. Издробете го сирењето и ставете го во блендер, додадете ги маслиновото масло и сокот од лимон. Блендирајте додека сместата да стане кремаста.
2. Потоа додадете ги сецканиот лук и сецканиот магдонос, блендирајте уште малку.
Освежително и вкусно. Пробајте !