Зелена салата со туна
Состојки
- 1 конзерва туна
- 1 марула
- 5-6 роквици
- 1 краставица
- 50 гр маслиново масло
- 1 младо кромидче
Подготовка
Марулата измијте ја убаво и исечете ја. Ротквиците и краставиците исечете ги на полукругови. Кромидчето ситно исечете го, додајте туна, маслиново масло сол и бибер по вкус. Исцедете малку лимон и се промешајте.
Сервирајте во чинија.Салатата е многу освежителна и убава пробајте!