Испечати

Освежителна салата

Освежителна салата

Состојки

  • 4 варени јајца
  • 2 с.лажици пињоли
  • 1/2 глава кромид
  • 100 гр. варен грашок
  • 500 гр. варен компир
  • 4 роквици
  • 3 моркова
  • 2 лажици сецкан магданос,
  • Дресинг
  • 1 лажица сенф
  • 3 лажици сок од лимон
  • 80 мл. зејтин
  • на вкус сол и бибер

Подготовка

Подготовка
- Во сад ставете ги веќе исецканите варените компир, јајцата, морковот, додадете ги исецканите роквици, кромид и лесно потпечените во тава пињоли. Додадете го и магданосот.
Дресинг
Измешајте ги лимоновиот сок, сенфот, солта, биберот и зејтинот.
Со дресингот залејте претходно припреманите состојки, измешајте
Сервирајте и ужувајте!
Ова е уште една идеја за како да се потрошат преостанатите велгиденски јајца, секако и намерно спремана во секое време.
Напомена
Доколку нема пињоли, не секирајте се... слободно ги озоставите. Многупати сум ставала маслинки... навистина е освежителна. Може и да имешате два вида на сенф - Дижонскиот и Ретро сенфот.