Манџа со ориз спанаќ и млад кромид
Состојки
- 1 кг телешка картина
- половина главица кромид
- 2 филџани ориз
- 200 гр спанаќ
- 2 туфчиња млад кромид
- 1 лажица кравја маст
- половина лажица сол
- половина лажица мешан зачин
- половина лажица црвен пипер
- по потреба вода
Подготовка
Телешкото исечете го на средни коцки и ставте го во тенџере на оган. Додајте го претходно исецканиот кромид, кравјата маст, солта и мешаниот зачин. Оставте да се пржи на тивок оган се додека не испари течноста од месото. Потоа додајте го црвениот пипер убаво промешајте и налејте вода додека да го покриете месото со течност. Се остава на тивко да крчка се додека да се свари месото.
Откако ќе се свари месото преостанатата течноста исцедете ја во друго тенџере и ставте го на оган да почне да врие а месото тргнете го од оган и оставте го во тенџерето во кое се приготвуваше. Во тенџерето со течноста ставете го оризот младиот кромид и спанаќот кој претходно сте ги исецкале ситно. Оставте да се приготвува на тивок оган додека да се свари оризот но мешајте постепено. Можеби ќе треба да додадете уште вода, но ќе видете по оризот дали е потребно бидејќи не треба да е и многу густа.На крај додајте го месото и оставте да се приготвува уште 10 мин на тивок оган.Добар апетит...