Карамел пралини
Состојки
- 3 лажици готов карамел прелив
- 100 мл слатка павлака
- 80 гр путер
- 50 гр бело или црно чоколадо за готвење
- 50 гр ситно сецкани и потпечени лешници
- 200 гр чоколадо + 3 лажици масло
Подготовка
Ставете ги првите 4 состојки во сад на шпорет и мешајте додека убаво не се растопат и соединат. Тргнете од шпорет и вмешајте ги лешниците.
Чоколадото и маслото растопете ги и премачкајте ги калапчињата за пралини 2-3 пати. Полнете ги со спремениот фил и затворете со слој стопено чоколадо.