Пилешки ролат
Состојки
- 1 парче пилешки стек
- 2-3 листови спанаќ
- 2-3 парчиња кашкавал
- 1 јајце и презла по потреба
Подготовка
Пилешкиот стек го сечеме на половина и го чукаме со чук. Посолуваме, ставаме малку бибер.
Спанаќот може да го обарите, а може и свеж, наредете ги листовите еден до друг да го покрие стекот.
Врз спанаќот наредете ги парчињата кашкавал. Замотајте.
Извалкајте го парчето во брашно, па во јајце и во презла.
Пржете во загреано масло.