Испечати

Жолт солен колач

Жолт солен колач

Состојки

  • 5 јајца
  • 100 мл. масло
  • 100 гр. бело сирење (изрендано)
  • 100 гр. пилешка салама (сечкана на коцкички)
  • 1 киска магдонос (исечкан)
  • 1 морков (ситно изрендан)
  • 1 пециво
  • 9 лажици брашно
  • 100 мл. јогурт
  • за одозгора сусам, ленено семе и афион

Подготовка

Покрај многу верзии на солен колач, јас ви го презентирам овој колач од мојот тефтер кој го нареков жолт бидејќи со селските јајца со кој го правев, бев воодушевена од жолтата боја која само во живо можеше да се види. Брз декоративен колач за секоја пригода, а јас сега го правев за Велигден.

~ Подготовката е едноставна ~
Јајцата се матат со миксер и постепено се додаваат сите состојки (објаснети погоре). Смесата се истура во намастен правоаголен плех (јас ја користев Ростер тавата на Делимано која не треба да се намастува).
Се посолува со сусам, ленено семе и малку афион.
Се пече на 190-200 степени околу 25-30 минути зависно од рерната.
Се сече на коцки или по желба.