Маринирано печено пилешко
Состојки
- 7 пилешки батаци со карабатак
- За маринада
- 2 лажици сенф
- 5 лажици масло
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажичка лук во прав
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажичка оцет
Подготовка
Ние сакаме сочно и вкусно подготвено пилешко, па затоа го подготвувам по овој рецепт.
1. Сите состојки за маринадата ги мешаме и потоа целото месо го валкаме во неа, т.е. ги премачкуваме. Ги оставаме така неколку часа.
2. Потоа ги редиме на тава, во мојот случај тава со решетка и капак и ги ставаме во рерна да се печат на 200 степени.
3. При крај на печењето треба да го отвориме капакот и така барем 5 минути да се печат, за да поцрвенат и фатат коричка малку.
4. Печењето е околу 1 час, ама вие сепак проверувајте го месото, затоа што печењето зависи и од јачината на рерната. Гарнирајте по желба.