Испечати

Бомбици со слатко од вишни

Бомбици со слатко од вишни

Состојки

  • 250гр мелени бискоти
  • 100гр маргарин
  • 5-6 лажици сок од слатко од вишни (и вишни по потреба)
  • 100гр чоколадо за готвење

Подготовка

Во тенџере на оган го топиме маргаринот/путерот. Ги мелеме бискотите и ги додаваме во путерот. Го додаваме и сокот од слаткото. Мешаме сето заедно.
Од смесата правиме топчиња и во секое ставаме по една вишна.
Чоколадото го растопуваме со малку масло и ја прелеваме секоја бомбица.
Оставаме на ладно да се сдврднат.