Посен колач од бисквити и јаткасто овошје
Состојки
- 200 гр бисквити посни
- 150 гр маргарин
- 150 гр чоколада за готвење
- 120 гр мешавина од ореви, лешници, бадеми
- 3 лажици шеќер
- 90 мл млеко од соја
- 30 гр суво грозје
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка
Бисквитите искршете ги на помали парчина а оревите, лешниците и бадемите ситно исечкајте ги и ставете ги во сад. Додајте го и сувото грозје.
Чоколадата искршена на коцки, маргаринот исечен на коцки, шеќерот и млекото од соја ставете ги да се стопат на пареа. Потоа додајте ги бисвитите со јаткастото овошје и измешајте.
Смесата ставете ја во Делимано силиконскиот калап за векни или во други калапчиња што ги имате и со лажицата порамнете ја. Ставете го во фрижидер да се олади и стегне.
Оладениот колач превртете го на соодветна подлога, посипете го со шеќер во прав, исечете парчиња и послужете го.