Испечати

Вафли со чоколадо

Вафли со чоколадо

Состојки

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 чајно лажиче цимет
  • 150 гр стопен маргарин
  • 50 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 100 гр бело чоколадо

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот. Постепено додадавје го маргаринот, па млекото и на крај сувите состојки.
Чоколадото по рецептот е бело и рендано. Јас ставив црно по барање на јадачите и го иситнив во блендер. Какво и да изберите, иситните или изрендате, додадете го во смесата.
Испечете ги вафлите во тостер и уживајте.

Забелешка
Бидејќи едно по едно правев 2 врсти вафли, несвесно и во овие ставив прашок за пециво (5 гр), а по рецептот не содржи. Од истите причини, дел од овие не се изедоа веднаш. Одстоени, без да се стават во ќеса, покасно имаа друг шмек за јадење... како бисквити.