Испечати

Бомбици со сок од портокал (посно)

Бомбици со сок од портокал (посно)

Состојки

  • 100 гр посни мелени бисквити
  • 80 гр кокос
  • 90 гр шеќер во прав
  • по потреба сок од портокал

Подготовка

Ако сакате да подготвите брз и едноставен десерт еве ви предлог. Можете да го направите во посна и мрсна варијанта во зависност какви бисквити ќе употребите. Во длабок сад ги ставаме сите суви состојки и со рака мешаме и го додаваме сокот. Добро измешаните состојки ги формираме во бомбици.
Забелешка јас ставив 90 грама шеќер во прав, но можете да си ги засладите повеќе ако сте љубител на поблаго. ДОБАР АПЕТИТ!