Ручек со компир и друг мешан зеленчук
Состојки
- 500гр. варени компири
- 2 главици кромид
- 3-4 чешниња лук
- 100гр. чајна салама
- 250гр. мешавина од 14 вида смрзнати зеленчуци
- 4 лажици пармезан
- по потреба масло, сол, црн бибер
Подготовка
Сварените компири убаво испасирајте ги.
Смрзнатиот зеленчук ставете го да се потсвари.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, лук и чајната салама.
Откако ќе омекне кромидот савете го во тавата сварениот зеленчук и кратко пропржете.
Додајте ги испасираните компири и пармезанот.
Посолете, наросете црн бибер и пржете додека компирот убаво се умеси (да се оделува од краевите на тавата).
Послужете откако малку ќе подолади.