Слатки корнети (посно)
Состојки
- 150 мл соино млеко
- 200 гр кокосово брашно
- 2 паковки ванилен шеќер
- 125 гр путер
- 1 лист обланда
- 50 гр кандиран цитрон
- 200 гр шеќер
Подготовка
Еве еден рецепт кој што со мали измени го спремив за овој сајт.
Млекото го помешуваме со ванилниот шеќер и обичниот шеќер.
Нека се растопи па додајте и путер. Тргнете на страна и додајте кокос.
Промешајте убаво и смесата за полнеж е готова.
Листот обланда ставете да се омекне преку влажни крпи.
Кога е омекнато, тогаше спремно да се крои, да се сече.
Сечеме квадрати од кои што подоцна оформуваме тутурки. Полека ги притиснуваме со дланките на споевите па откако ќе ги оформиме ги префрламе во сад и ставаме да се стврднат.
Тврди ги полниме со претходно подготвениот полнеж. Декорираме со каандиран цитрон и пак враќаме во ладилник.
Епа девојки,јас ве оставам на вашата фантазија, сакате мацкајте во посно чоколадо, сакате украсете со некое суво овошје. Јас ја сакам вака како што прикажав.
На здравје нека ви е со овој посен десерт.