Темпо палачинки
Состојки
- 75гр растопен маргарин
- 2 јајца
- 180гр брашно
- 125мл млеко
- 70гр шеќер
- 60гр или 1 пакетче темпо колачиња
- 1 пециво
Подготовка
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Се додава млекото, изладениот растопен маргарин, пецивото, брашното и мелени или искршени темпо колачиња.
Се остава да стои 10тина минути и се прават палачинките.
Кремот по желба, јас ставив еурокрем.