Прженки со виршли

Состојки
- 6 виршли
 - 300 гр брашно
 - 3 јајца
 - 100 мл млеко
 - 100 мл вода
 - 100 мл масло
 - по вкус сол
 
Подготовка
Јајцата ги кршиме и ги матиме жолчките. Посолуваме, ги додаваме млекото и брашното, додаваме масло и водата продолжуваме со матење додека не добиеме тесто двојно погусто отколку за палачинки.
Во друг сад ги матиме белките. Изматените белки ги додаваме во садот со тестото и продолжуваме со матење додека смесата не се соедини.
Виршлите ги сечеме на по 4 парчиња, ги потопуваме во смесата и ги пржиме во тава на оган со поголемо количество загреано масло.