Колач со афион
Состојки
- 4 јајца
- 300 гр шеќер
- 200 гр масло
- 100 гр млеко
- 500 гр брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 80-100 гр афион
- Шербет
- 300 гр вода
- 250 гр шеќер
Подготовка
Јајцата и шеќерот пенесто ги матиме и го додаваме маслото, млекото, брашното, афионот, ванилата, пецивото и продолжуваме со матење.
Добро изматената смеса ја ставаме во тава со број 30 и печеме на температура од 200 степени околу 25 мин.
Печениот и изладен колач се сече на парчиња и се попарува со претходно зовриен шербет.На здравје!