Солени мафини
Состојки
- 4 јајца
- 8 лажици брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 50мл масло
- 200гр шунка
- 200гр кашкавал
- 1 колбас
- 5-6 само перца од млад кромид
Подготовка
Јајцата се матат со миксер како за торта, потоа се додаваат брашното, пецивото и маслото. Мешаме со жица.
Шунката, кашкавалот, колбасот и перцата се сецкаат ситно.
Се додаваат во смесата и мешаме да се соедини се заедно.
Со лажица се става во калапите и се пече околу 30 мин на 200 степени.