Испечати

Пралини со црвено овошје

Пралини со црвено овошје

Состојки

  • 150 гр смрзнато (микс) зрнесто црвено овошје (малини, рибизли, вишни, јагоди)
  • 130 гр шеќер
  • 1 лажиче арома ванила
  • 1 лажиче густин
  • 100 мл слатка павлака
  • за чоколадирање
  • 300 гр бело чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Ставете го овошјето со шеќерот во огноотпорен сад да врие 2-3 мин.
Густинот растворете го со малку вода и додадете го во садот.
Мешајте додека се згусти смесата.
Додадете ја слатката павлака и мешајте на рингла додека се добие густина на не многу цврст пудинг.
Оставете го на страна малку да подолади, а за тоа време чоколадирајте ги силиконските калапчиња со растопеното бело чоколадо и маслото барем 2 пати.
Наполнете ги калапите и затворете со стопеното чоколадо одозгора.