Пица со кромид и печурки - ундиета, ЈХ ден (посно)
Состојки
- Тесто
- 500 гр брашно
- 300мл вода
- малку сол (прстофат)
- 1 мало лажиче шеќер
- 20 гр свеж квасец (половина коцка) или мало лажиче сув
- Фил
- 2 -3 главици кромид
- свежи печурки количина по желба
- по потреба/желба кашкавал (посен за посна варијанта)
- За посипување
- сув босилек или оригано
Подготовка
Идеја за јагленохидратен ден од унидета. Да не речете само јас ќе бидам згоднушанка на лето =))
Од состојките за тесто замесете убаво меко и малку лепливо тесто. Оставете го да стаса и повторно премесете го или промешајте со дрвена лажица. Со намастени дланки или дланки натопени во вода, тестото распределете го по тавата во која што сакате да печете. Почнете до средината и со прстите притискајте кон краевите.
Во сад со малку масло пропржете го кромидот речиси да карамелизира. Додадете ги сецканите свежи печурки и пропржете ги заедно. Оваа постапка не ја прескокнувајте. Феноменален вкус дава пржениот кромид на пицата.
Нарендајте го кашкавалот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 15-20 мин.
Кога ќе биде испечена, наросете на пицата суво оригано или босилек и послужете ја топла.
Пријатно јадење! :)