Испечати

Шарена салата со наут (посно)

Шарена салата со наут (посно)

Состојки

  • 1 марула
  • 1 китка рукола
  • 200г обарен наут (јас користам од конзерва)
  • 1/2 авокадо
  • 50г ореви
  • 1 лажица сува брусница
  • по желба сол
  • 2,3 лажици балзамико
  • 2 лажици ладно цедено маслиново масло

Подготовка

Измиените листови марула и рукола искинете ги на крупни парчиња (никогаш не ги сечете со нож,бидејќи на тој начин се губат витамините) посолете ги, додадете го на коцки исеченото омекнато авокадо и додадете го балзамираниот оцет и маслиново масло. На крај наросете со исечкани на крупно ореви и сува брусница. Добар апетит