Видео рецепт: Пикантно посно мезе од компири и карфиол
Состојки
- За СОСОТ ќе ви треба:
- 3 лажици халапењо сос
- малку црн бибер
- малку чили во прав
- 2 лажички црвен пипер
- 1 + 1/2 лажичка мелен ким
- малку сол
- 3 лажици густин
- 1/3 шолја брашно
- 1/2 шолја соино млеко или кокосово млеко
- 1/4 шолја вода
- малку масло
- За СУВИТЕ ЗАЧИНИ ќе ви треба:
- 3/4 шолја лебни трошки
- 2 лажици брашно
- 1/2 лажичка кромид во прав
- 1/2 лажичка црвен пипер
- малку сол
- Ќе ви треба и:
- 1 главица карфиол
- компири со лушпа
За сите кои постат, па и за сите кои сакаат да јадат зачинета храна, Фичо ќе подготви пикантно мезе со компири и карфиол.
Подготовка
Чекор 1: Една глава карфиол поделете ја на делови со различни крошни. Измиените компири исечкајте ги на еднакви резанки без да ги лупите.
Рерната загрејте ја на 220 степени.
Чекор 2: Измешајте ги сосот од пиперки, бибер, чили, лук, црвен пипер, мелен ким, сол, густин, брашно, соино млеко, вода и малку масло – за да добиете темпура. Во друг сад ставете ги лебните трошки, брашно, кромид во прав, црвен пипер и сол.
Чекор 3: Секое парче посебно го мешате во влажните состојки, па во сувите се додека имате материјал.
Чекор 4: Печете 15 минути, па ги превртувате, додавате уште малку масло врз нив и печете уште 10 минути.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Оваа комбинација на зачини дава исклучителен вкус, но доколку некој од нив не ви се допаѓа, слободно исфрлете го и зачинете по ваш вкус.