Црна алва (посно)
Состојки
- 200гр вода
- 200гр зејтин
- 1 маргарин
- 1кг шеќер
- 600гр брашно
- 100 гр какао
- 200гр ореви сецкани
Подготовка
Водата шеќерот зејтинот и маргаринот се стават во тенџере да се растопат. Кога ќе се растопи се трга од шпоретот.
Во посебен сад се стават брашното какаото и оревите. Сето оваа убаво се изработува и се додава во смесата. Сместа што сме ја тргнале од огнот постепено ја мешаме со маталката да се соедини убаво и во намрсено калапче се става да се олади и стегне. На здравје