Колач со сочен фил
Состојки
- Пандишпан
- 1 јајце
- 2 чаши јогурт
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 2 лажички сода бикарбона
- 2 лажици какао
- Фил
- 15 лажици млеко
- 1 чаша шеќер
- половина чаша масло
- 2 лажици какао
- 100гр мелени бискоти
- 100гр мелени ореви
Подготовка
Пандишпан
Јајцето се мато заедно со шеќерот и јогуртот (миксер).
Се додаваат брашното, какаото, содата и се мати со жица за матење.
Смесата се истура во намрсена тава и се пече околу 20 минути на 200 степени.
ФИЛ
Млекото се меша со шеќерот и маслото и се остава да зоврие. Се додаваат какаото, мелените бискоти и ореви, се вади од оган.Промешуваме сето да се соедини убаво.
Печената кора се полива со топол фил.
Чаша 200мл.