Посен мајонез
Состојки
- 6 лажици густин
- 9 лажици масло
- 24 лажици вода
- 3 лажици сенф
- 1 сок од лимон
Подготовка
Еве еден предлог за посен појадок. Намаз,мајонез.
Во сад го мешаме густинот со водата да не остане грутче.
Го ставаме на оган и мешаме да се згусне.
Тргаме од оган и додаваме сенф, масло и зачинуваме.
Миксираме и постепено додаваме лимонов сок.
Складирајте во мала тегла или користете веднаш.
На здравје постите.