Испечати

Бонжита колачи (посни)

Бонжита колачи (посни)

Состојки

  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр суви сливи
  • 4 лажици мед
  • 1 лажица цимет
  • 100 гр сусам
  • 100 гр суво грозје
  • 3 посни чоколада

Подготовка

Еден посен рецепт кој на нас ни остави убав впечаток.
Обарете ги сувите кајсии, само малку колку да не бидат мн тегави.
Сливите, кајсиите, сусамот, сувото грозје, медот, циметот, се префрламе во сад за миксирање. Овде веќе се работи за вкус, дали сакате да бидат како крем, целосно измиксирано или пак само сецкани.
Од овој фил се полнат претходно налеани калапи со растопено чоколадо.
Се затвараат повторно со растопено чоколадо.
Оставете во ладилник, па вадете кога се стврднати.
На здравје постиве.