Салата од суви домати
Состојки
- 350 гр. суви домати
- 2 страка праз
- 500 гр. компири
- по вкус сол
Подготовка
Сувите домати се попаруваат со топла вода и стојат додека да омекнат, отприлика десетина минути. Потоа се истура водата и му се вади лушпата. Во меѓувреме компирот се вари, празот се сецка ситно. Сите состојки се толчат во сад за толчење. По желба се додава сол. На крај се прелива со 100 мл. врело масло.
Најубаво е со топло домашно лепче.
Добар апетит