Скуша на едноставен начин
Состојки
- 1кг парчиња скуша
- малку магдонос, лук, маслинов зејтин, мешан зачин
Подготовка
Парчињата риба, внимателно исчистете ги и измијте ги, посолете одвнатре и наполнете со сечкан магдонос и лук. Ставете во тавче или на скара и посипете одозгора со мешан зачин, бибер, копар по ваша желба и полијте со неколку капки маслинов зејтин.
Печете во јако загреана рерна (околу 220-240 степени целзиусови ) околу еден час. Сервирајте со компир салата, којашто верувам сите знаете како се подготвува, варен компир исечкан на тркалца, зачинет со маслиново масло, оцет балсамико, сол и бибер по желба и повеќе црвен кромид. Пријатен здрав оброк!