Испечати

Рустична пита со спанаќ и печурки

Рустична пита со спанаќ и печурки

Состојки

  • За тесто
  • 400 гр бело брашно
  • 100 гр интегрално брашно
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 250-300 мл вода
  • За фил
  • 250 гр свежи печурки шампињони
  • 500 гр свеж спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка бибер
  • 3 лажици кисела павлака од индиски ореви
  • За премачкување
  • 3 лажици вода
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица посен мајонез

Подготовка

Подготовка
Најпрво го подготвуваме филот за питата.
1. Спанаќот го миеме и сечкаме и го ставаме да се издинста со малку вода. Откако малку ќе омекне, водата ја фрлам и повторно го динстам уште во две води. Го ставам на цедилка да се исцеди.
2. Во друга тава на оган го пропржувам ситно насечканиот кромид. Откако ќе се запржи и омекне ги ставам ситно насечканите печурки и тие да се упржат. На крајот ги ставам спанаќот и киселата павлака од индиски ореви, зачинуваме, промешуваме да се соединат вкусовите и вака подготвениот фил го оставаме да се лади.
3. Ја вклучуваме рерната на 250 степени.
4. Сите суви состојки за тестото ги ставаме во еден сад и ги замесуваме со млака вода до средно меко тесто. Правиме од тестото 6 топчиња и секое го расукуваме во круг со димензии од 20 см. Секое кругче освен последното го премачкуваме со масло и ги редиме едно врз друго. Расукуваме кора малку поголема од тавчето во кое ќе ја печеме питата. Тавче бр. 26 го намрсуваме и во неа ја ставаме кората.
5. На дното врз врз кората го распоредуваме филот и краевите на тестото кои ни висат над страниците од тавчето ги ставаме на внатре врз дел од филот.
6. Печеме во загреана рерна околу 20 минути или додека да ни поцрвени питата. Ја вадиме питата откако ќе се испече и ја премачкуваме.
7. За премачкување сите состојки ги мешаме и со помош на четка ја премачкуваме кората од тестото. Ја враќаме питата во исклучена рерна само 1-2 минути. Ја вадиме и ја покриваме со крпа малку да подизлади па ја сервираме.

Забелешка
Рецепт за кисела павлака од индиски ореви има овде