Колач со боровинки
Состојки
- 4 јајца
- 1чаша(180мл) шеќер
- 1/2чаша зејтин
- 1 чаша млеко
- 1 чаша ореви мелени
- 1,5 чаша брашно
- 1 пециво
- 1 лажица какао
- 1 чаша боровинки
- 1 кесичка шлаг
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додаваат останатите состојки. Се меша смесата со лажица и се истура половината во плех за печење. Во вториот дел се става какаото и се истура врз првиот дел па со вилушке се меша.Се пече 30 минути, а потоа се залева со малку шербет а и не мора.Тоа остенува по ваш вкус.Се декорира со малку шлаг.
Јас користев боровинки од ликер и вкусот беше навистина одличен. Едноставен, секојдневен колач.Ако немате боровинки искористете друго бобичасто овошје а може и суво.