Брзи чоколадни срциња (без печење)
Состојки
- тесто
- 2 белки
- 250 гр мелени лешници
- 500 гр шеќер во прав
- 20 мл рум
- глазура
- 200 гр чоколада
- 6 лаж масло
Подготовка
Брзи и декоративни славски колачи. Најпрво белките се матат пенесто и се мешаат со другите состојки. Од смесата со калап срце се прават форми. Направените срциња се оставаат да стегнат преку ноќ во фрижидер и се прелеват со глазура.