Наполитанка торта
Состојки
- кора-се прават 2 вакви
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици мелени ореви
- 3 лажици беашно
- 1 лажица оцет
- крем
- 1 л млеко
- 3 пудинга ванила (120гр)
- 3 лажици густин
- 6 жолчки
- 200 гр шеќер
- 200 гр маргарин
- уште
- 100 гр стопено млечно чоколадо
- 150 гр мелени чоколадни наполитанки
Подготовка
Ова беше мојата роденденска торта, но дури сега стигнав да го испратам рецептот.
За кората се матат белките со шеќерот и се додават останатите состојки. Се пече на 200 околу 25 минути. Ссе прават две вакви кори.
За филот се става млекото со шеќерот да зоврие. Во меѓувреме се матат жолчките убаво и се мешаат со пудингот и густинот. Изматените жолчки се додаваат во млекото што врие и се вари крем. Во оладениот крем се додава изматениот маргатин и филот се дели на два дела. Во првиот се става стопената чоколада, а во вториот наполитанките. Се филува тортата и се декорира по желба.