Испечати

Зеленчукова крем супа со печурки и млад лук

Зеленчукова крем супа со печурки и млад лук

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 1 среден компир
  • 2 средни моркови
  • 1 тиквица
  • по желба дршки од брокула
  • 1/4 корен од целер
  • 1/4 корен пашканат
  • 2 ливчиња ловоров лист
  • 1 био коцка за супа
  • 1 лажица био зачин
  • 200 г свежи шампињони
  • 2 стебленца млад лук
  • 1 лажиче куркума
  • по желба сол, бибер и масло

Подготовка

Сите зеленчуци исечете ги на крупни парчиња и ставете го да се вари, заедно со ловоровиот лист,коцката за супа и зачинот. Откако зеленчукот ќе омекне извадете го ловоровиот лист и заедно со течноста ставете го во блендер и изблендирајте го. Доколку не ви е солено додадете уште сол. Шампињоните исечкајте ги и запржете ги малку на масло заедно со младиот лук претходно исечен на ситно. Зачинете ги и истурете ги во крем супата. Додадете куркума и бибер и послужете ја супата топла како предјадење. Добар апетит!