Испечати

Куглов со ореви и кора од портокал

Куглов со ореви и кора од портокал

Состојки

  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 рендана кора од портокал
  • 50 гр ореви

Подготовка

Јајцата ги матиме со миксер заедно со шеќерот. Го додаваме брашното, пецивото, ванилата, маслото, млекото и ги мешаме со лажица. На крајот ги додаваме и дробените ореви и ренданата кора од портокал.Пак мешаме со лажица и смесата ја тураме во намрсен и набрашнет куглов.Печиме 20 мин на 150 С.
Кога ќе биде готов го оставаме да се излади.Потоа го наросуваме со шеќер во прав.