Бомбици со ванила и бадеми
Состојки
- 150 г овесни снегулки
- 90 г шеќер во прав
- 1 лажица ванилин шеќер (8-10гр)
- 100 г сецкани бадеми
- 100 г путер собна темп
- 1 лажица вода
Подготовка
Сите состојки убаво се мешаат и се оставаат малку во фрижидер да се олади смесата. Се прават бомбици и се валкат во кокос или бадеми.