Чоколадно смуди
Состојки
- еден портокал
- половина јаболко
- 50 гр. варена тиква
- една шака суво грозје
- една шака брусница
- 100 мл. слатка павлака
- две лажички рум
- половина лажичка какао
- прстофат цимет
- 20 гр. чоколадо
Подготовка
Сите состојки се ставаат во блендер. На крај се става слатката павлака и повторно се меша за да се соединат состојките.
Секако може да се додаде било какво овошје по желба.
Се сервира со рендано чоколадо.
Добар апетит.