Видео рецепт: Солени корпи со семиња и пилешка салата
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 125 мл. масло
- 125 мл. пиво
- 125 гр. семиња (сусам, сончоглед, тиква, црно семе)
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 прашок за печиво
- 150 гр. брашно + за расукување
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 200 гр. пилешки стек
- 150 гр. свежи печурки
- 300 гр. павлака
- свежо или суво нане
Денес ќе готвиме заедно со Весна, готвач член на нашата веб-страница. Весна ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Солени корпи со семиња и пилешка салата.
Солени корпи се мешавина од семиња. Ние ги полневме со фил од пилешко, печурки, павлака и нане.
Подготовка
Чекор 1: Семињата најпрво малку исечкајте ги, но не ги мелете. Направете тесто од сите состојки и исукајте кора со дебелина од 5мм. Со чаша вадете форми и обвиткајте ги на обратната страна од калапите за мафини. Нам ни излегоа 12 парчиња.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
Чекор 2: За подготовка на филот исечкајте го ситно пилешкото, зачинете го и испржете го со малку масло. Исечкајте ги ситно и свежите печурки па испржете ги и нив додека да испари вишокот течност. Кога ќе се изладат, додадете ги павлаката и нането и измешајте.
Чекор 3: Секоја корпа наполнете ја со филот.
Сервирајте ги со декорација по желба.
СОВЕТ: Овие корпи се посни, па ако постите, може да ги наполните со поинаков фил од печен зеленчук или посна салата.