Весела палента
Состојки
- 2 ротквици
- 2 лажици кисела павлака
- магдонос, зелена салата
- 100гр палента( 1 среден филџан)
- 300мл вода
- 20 гр путер, сол, ленено семе, ѓумбир во прав, сусам
Подготовка
Ова беше мојот денешен појадок.
Палентата ја варам во сразмер 1-3
Значи 1 филџан палента, а 3 филџани вода.
Во мала касерола се ставаат водата, путерот, солта, зачините по вкус и се додава палентата.
се вари на тивок оган до згуснување
потоа се истура во декоративен сад по желба , да се излади и стегни.
изладената палента се превртува налист свежа марула и се декорира со кисела павлака, марула и магдонос,
и уште парче убаво сирење и ете убав појадок