Колачи со овесни снегулки
Состојки
- 200гр бел еурокрем
- 100 бело чоколадо
- 100гр овесни снегулки
Подготовка
Драги мои пријателки, еве уште еден интересен и лесен рецепт
Еурокремот и чоколадото се топат на пареа. Потоа се трга од огнот и се додаваат овесните снегулки. Се меша убаво и се полнат корпиците. Може да се украсуваат по желба. Јас ги украсувам со т.н шарен песок.