Грчка интегрална пита
Состојки
- 200г интегрално брашно
- 5 јајца
- 150г павлака
- 400г фета сирење
- 150г едамер кашкавал
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 100мл маслиново масло
- малку сол и копар по желба
Подготовка
Јајцата убаво изматете ги. Додадете го раздробеното фета сирење, изрендан на крупно едамер, павлаката, маслото, прашокот за пециво и брашното и измешајте. Посолете по желба и додадете малку копар ако сакате специфичен вкус. Ставете ја готовата смеса во тава бр 30 обложена со хартија за печење и печете ја питата околу 45 минути на 180 степени.