Испечати

Баклава со ореви и лешници

Баклава со ореви и лешници

Состојки

  • 500гр кори
  • 150гр лешник мелен
  • 150гр мелени ореви
  • Шербет
  • 1 кг шеќер
  • 900мл вода
  • 1 пакетче (8-10 гр) ванилин шеќер
  • сок од еден лимон

Подготовка

Плехот се намрсува се става кора, се попрскува со зејтин, се става друга кора и низ целата кора се попскува од филот.
Филот се става на секоја 2 кора, а секоја кора се попрскува со зејтин. Се сече и се става да се пече на 200 степени додека да порумени.

Додека баклавата се пече, пригответе го шербетот. Измешајте ги водата и шеќерот и оставете да зовријат. кога ќе зовријат, тргнете ги и додадете ги ванилиниот шеќер и сокот од лимон.
Се прелева баклавата кога е ладна, а шербетот млак.