Батаци и свинско во зеленчук и шампињони
Состојки
- 3 пилешки батаци (копан со поткопан)
- 350 гр свинска кртина
- 15 поголеми шампињони
- 5 главички кромид (помали)
- 8 компири (средна големина)
- 10 бамји
- 8 моркови (средна големина)
- 150 гр зеленчукова мешавина(грашок, пченка, црвена пиперка,морков)
- 100 мл бело вино
- 200 мл вода
- 1/2 лажиче црн мелен бибер
- 1 лажица бибер во зрна
- 2 лажици мешан зачин
- 1-2 лажичиња јадра сол
- 100 мл масло за јадење
Подготовка
1. Во тава со капак се реди месото (батаците цели, а свинското сечено на помали парчиња) и целиот зеленчук околу него и печурките цели, а не сечкани
2. Мешавината од зеленчук (замрзната) се додава подоцна (иако јас ја ставив веднаш со целиот останат зеленчук
3. Се зачинува, се полева со белото вино и водата, маслото и се покрива со капакот и се става во загреана рерна на 220 С да се пече околу 100 минути