Песто од рукола, сос за тестенини
Состојки
- 125 гр рукола
- 1 парче лук
- 50 гр ореви
- 100 мл маслиновво масло
- 1/2 лажиче бибер црн
Подготовка
Благодарение на мојата мила пријателка Нина, денес ќе прикажеме рецепт за песто од рукола.Вие ќе пробате и кажете дали ви се допаѓа.
Миена руколата се става во сад за блендирање.
Се додаваат чистениот лук, оревите и зачините.
Полеваме маслиново масло и блендираме.
Сварете ги тестенините во посолена вода и цедете од водата.
Сервирајте со пестото од рукола
На здравје.
П.С.
Нина, ти благодарам