Испечати

Пишии

Пишии

Состојки

  • Тесто
  • 220гр. брашно
  • 2-3 лажици масло
  • 1 рамна лажичка сол
  • прстофат шеќер
  • прстофат свеж квасец
  • по потреба млака вода
  • За полнење
  • по потреба рикота(или замена урда)
  • За посипување на корите при сукањето
  • по потреба мешавина од пченично и пченкарно брашно
  • Масло за попрскување на корите, масло за пржење

Подготовка

Со овие пишии како што ги викаат кај нас, буквално ја отекував мајка ми да ми ги прави, ама ете дојде време и јас сама да си ги спремам.
Ништо комплицирано, месиш тесто, сукаш, пржиш и уживаш во прекрасниот вкус.

Во подлабок сад ставете ги брашното, маслото, солта, шеќерот и квасецот и постепено месејќи додавјте млака вода.
Месете додека добите меко, нелепливо тесто.

Поделете го тестото на 2 дела.
Од секој дел формирајте топче и оставете ги да стасат 20-30 минути.

Секое топче тесто расукајте го во тенка кора.
При сукањето посипувајте по потреба од мешавината на пченично и пченкарно брашно.
Попрскајте ја кората со масло, а потоа преклопте ја од горната и долната страна до половина,
Нанесете од рикотата(урдата), попрскјате со масло, па преклопете од двете бочни страни.
Благо наберете ја и пржете во загреано масло додека убаво зарумени од двете страни.

Повторете ја постапката и со другата кора.