Испечати

Безглутенски мафини со хељда,маслинки и моркови

Безглутенски мафини со хељда,маслинки и моркови

Состојки

  • 1 филџан 250мл хељдино брашно
  • 1/2 филџан пченкарно брашно
  • 3 лажици мелен лен
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 4 лажици варена хељда
  • 2 рендани моркови
  • 20тина зелени маслинки исечени на ситно
  • 200 мл јогурт
  • 200мл масло
  • сол по желба
  • 3 јајца

Подготовка

Јајцата се матат, се додава маслото, јогуртот, брашната, прашокот за пециво, мелениот лен, обарената хељда заедно со ренданиот морков кој е обарен заедно со неа, сечканите зелени маслинки и се посолува по желба. Со вака спремната смеса се исполнуваат силиконски калапчиња и се стават да се печат околи 30тина минути на 220 до 250 степени.