Печена ципура со зеленчук
Состојки
- За маринада на рибата
- 4,5 лажици соја сос
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 1,5 лаќици маслиново масло
- 1 лажиче хималајска сол
- сок од 1 лимон
- околу 800г до 1кг свежа риба ципура
- За прилог
- 3,4 моркови
- 2 главици кромид
- 3,4 корени чичока
- 1 зелана пиперка
- по желба природен зачин
- по желба сол и бибер
- за попрскување маслиново масло
Подготовка
Горенавдените состојки за маринада измешајте ги заедно и со готовата смеса убаво полејте ја засечената риба на површината од внатрешната и надворешната страна. Вака припремена оставете ја во фрижидер околу 30 минути. За тоа време исечете го зеленчукот. Ставете ја рибата во ростер тава или плех убаво распоредете го исечениот зачинет зеленчук и полијте со масло по желба. Може да додадете малку вода но и не мора. Може да ставите кругови лимон врз рибата по желба. Печете ја на 220 степени околу 40 до 50 минути. Послужете ја топла со прелив од лук,лимон и магдонос по желба. Добар апетит