Брзи едноставни бомбици со лешници
Состојки
- 2 јајца
- 150гр шеќер
- 100гр чоколадо
- 1 маргарин
- 150-200гр мелени бисквити
- 150гр мелени лешници
Подготовка
Еве уште еден рецепт, а посебно за оние кои обожаваат лешници, бидејќи имаат преубав вкус на лешник. Пробајте и уживајте
Јајцата и шеќерот се матат со миксер. Откако ќе се изматат се става на пареа и продолжуваме да матиме. Го додаваме чоколадото и маргаринот. Потоа откако ќе се растопат се трга од огнот и се додаваат бисквитите и лешниците. Се меси убаво, се прават бомбици, и се украсуваат по желба.