Кекс со кисело млеко и вишни со прелив
Состојки
- За кексот
- 4 јајца
- 4 мали кафени финџалчиња шеќер
- 1 ванила
- 2 мали кафени финџали масло
- 2 мали кафени финџали кисело млеко
- 5 мали кафени финџали брашно
- 1 пециво
- околу 100 на грама замрзнати вишни
- За прелив
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици вода
- 1/4 од еден маргарин
- 2 лажици чоколадно какао
- 1 лажица рум или вишновка
- *Филџанот е од 100мл..
- *По потреба можи да се додади брашно.
Подготовка
Едноставно, вкусно, сочно...
Јајцата ги матиме со шеќерите, па се додава маслото (матејки со помала брзина), киселото млеко и на крај брашното и пецивото.
Се излева во подмачкно округло тепсивче со пречник од 28цм.
Се става да се печи во претходно загреана рерна и тоа најпрво 10 мин. на 180 степени, па ги додаваме вишните и продолжуваме со печење уште околу 25 мин. на 180 или зависно од вашата рерна.
Кексот се остава да се излади, па се сечи на коцки.
За преливот се соединуваат сите состојки на тивко ( ако ставате алкохол, значи по желба, него на крај) па се зовриваат на кратко 2-3 минутки.Се остава малку да здивни, па се прелева врз коцките.
Јас ги сакам и кога се наросени со кокос.
Уживајте!